Народна банка денес е јасна институција која има јасно дефинирани цели, функционален сет на пазарно поставени инструменти и завидно успешно досие за постигнување на целите. Одбележувајќи 18 години монетарна политика на самостојна Република Македонија, гувернерот Гошев истакна дека досегашните остварувања се плод на континуирана работа, продуктивна конфронтација на ставовите, мислењата на вработените, постојаните учења и обуки. Кризите и натаму се составен дел од нашето дејствување, грубо, но некогаш и сурово предупредувајќи не, дека знаењето во светот е далеку потребно. Процесот на континуирано учење и позитивна селекција за влез во централната банка и во иднина ќе продолжи да биде исклучително важна преокупација.
“Народна банка денес е јасна институција која има јасно дефинирани цели, функционален сет на пазарно поставени инструменти и завидно успешно досие за постигнување на целите“, соопшти денеска гувернерот на НБРМ, Петар Гошев.
Одбележувајќи 18 години монетарна политика на самостојна Република Македонија, гувернерот Гошев истакна дека досегашните остварувања се плод на континуирана работа, продуктивна конфронтација на ставовите, мислењата на вработените, постојаните учења и обуки.
„Кризите и натаму се составен дел од нашето дејствување, грубо, но некогаш и сурово предупредувајќи не, дека знаењето во светот е далеку потребно. Процесот на континуирано учење и позитивна селекција за влез во централната банка и во иднина ќе продолжи да биде исклучително важна преокупација“, додаде Гошев.
Според него, историјата на ниска стабилна инфлација, стабилна вредност на домашна валута, отпорен и стабилен банкарски систем е карактеристика која на Народната банка на Македонија, и дава квалификација на квалитетна и успешна независна институција со заслужен и завиден кредибилитет.
„Имено, последната криза покажа дека моделите за рационални очекувања, потфрлија. Кризата покажа дека занемарувањето на финансиската компонента може да биде фатално, потенцирајќи ја истовремено потребата од подлабоко истражувачка работа на полето на функционирањето на финансискиот систем“, рече Гошев.
Според гувернерот на НБРМ, финансиската стабилност има потреба од монетарна политика и од тоа дали централните банки се екипирани и опремени за поддржување на финансиската стабилност.
„Ние како централна банка во последните години работиме на оваа прашање и во нашите одлуки, компонентата придонес за одржување на финансиската стабилност е присутна од поодамна“, соопшти Гувернерот на НБРМ.
Како и претходните години, и оваа беше доделена Годишната награда на Народна банка за млад истражувач од областа на макроекономијата.
Годинава наградата ја освои трудот на авторката Благица Николова под наслов „Анализа на банкарскиот систем на економскиот раст во Македонија“.